{"product_id":"mala-vozdiska","title":"Мала возишка- книга за болката и надежта - Елефтериос Елефтеријадис","description":"\u003cp\u003eОва е книга за болката.\u003cbr\u003eЗа загубата. За тагата. За страдањето. За крстот што секој човек, порано или подоцна, го носи на својот грб.\u003cbr\u003eНе ја напишав за да ти ја затемнам душата. Не ја напишав за да ти кажам дека болката лесно се објаснува, ниту дека страдањето секогаш може брзо да се разбере. Не.\u003cbr\u003eБолката е тајна. Таа бара тишина, расудување, молитва и љубов. Бара некој да не зборува премногу, туку да остане покрај тебе. Да не те сожалува, да не ти дава лесни одговори, да не ти\u003cbr\u003eвели „така требало“, туку тивко да ти каже: „Дојдов да плачам со тебе.“ Во овие страници зборуваме за човечката болка без големи зборови и без евтини утехи. Ќе зборуваме за луѓе што изгубиле, што страдале, што биле доведени до своите крајни граници - но и за оние тивки мигови во кои душата повторно наоѓа мал здив.\u003cbr\u003eЌе зборуваме и за патот низ кој минува тагата: од негирањето, кога душата сè уште не може да прифати што се случило; преку лутината и прашањата „зошто“, преку темнината, празнината и\u003cbr\u003eдепресијата — сè до прифаќањето. Но прифаќањето не значи дека болката исчезнала. Не значи дека си заборавил. Не значи дека повеќе не љубиш. Не значи дека раната никогаш повеќе нема да заболи. Прифаќањето значи дека душата, малку по малку, почнува да дише. Дека човек учи да живее со она што се случило, без да биде целосно проголтан од тоа.\u003cbr\u003eНе секоја рана веднаш се затвора. Не секоја тага веднаш поминува. Не секој крст веднаш станува лесен. Но ниеден крст не е последниот збор.\u003cbr\u003eСакам, кога ќе ја затвориш оваа книга, да не останеш само со вкусот на болката, туку и со вкусот на надежта. Со тивкото чувство дека Христос не стои далеку од човекот што плаче.\u003cbr\u003eКога животот ќе те доведе до Крстот, не заборавај дека таму започнува и Воскресението.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eБи сакал никогаш да немало причина оваа книга да биде напишана.\u003cbr\u003eНо сите ние, порано или подоцна, се среќаваме со болката. Со загубата.\u003cbr\u003eСо тагата што не знае да зборува. Со крстот што секој го носи на својот грб — нечиј потежок, нечиј полесен, но секогаш личен.\u003cbr\u003eНе сакам да бидеш силен по секоја цена.\u003cbr\u003eСакам да знаеш дека смееш да паднеш, да плачеш, да се скршиш — но не и да очајуваш.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eЗашто каде што има крст, таму постои и Воскресение.\u003cbr\u003eА понекогаш, среде најтешкиот живот, токму тоа е сè што ни треба: една кратка воздишка, малку светлина и надеж дека Голгота не е крајот.\u003c\/p\u003e","brand":"Ikona","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":54379109155149,"sku":"9786084993889","price":14.99,"currency_code":"EUR","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0814\/7566\/6253\/files\/mala_vozidshka_mokap.png?v=1784840831","url":"https:\/\/ikonawelt.de\/bs\/products\/mala-vozdiska","provider":"Ikona Welt","version":"1.0","type":"link"}