{"product_id":"ljubov-vo-topka","title":"Љубов во топка - Ана Јовковска","description":"\u003cp\u003e„Љубов во топка“ е интерактивна илустрирана книга за деца на авторката Ана Јовковска, која го обработува проблемот на врсничкото насилство (булинг) како еден од најгорчливите проблеми на денешното општество. Приказна за пријателството и емпатијата, што го анализира широкиот спектар на емоции кај децата.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eКнига за кревкото детско срце, за гласот што треба да го пронајдеме, за храброста да кажеме како се чувствуваме и можноста секое дете да биде херој или хероина. Чувствата што доминираат во нарацијата и илустрацијата се тага, осаменост, нарушена самодоверба, но и верба, храброст, љубов и надеж. Покрај главната наративна нишка во книгата е опфатена и темата за различноста односно маргинализирањето на поинаквите деца. Иако приказната не бега од тагата како емоција, таа дава решение како да се канализираат емоциите и да се пронајде сопствениот глас. Завршува оптимистички, со надеж дека љубовта и добрината го носат новиот детски свет.\u003c\/p\u003e","brand":"Svetulka","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":53993780085069,"sku":"9786085024087","price":12.95,"currency_code":"EUR","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0814\/7566\/6253\/files\/Ljubov_vo_topka.png?v=1779944434","url":"https:\/\/ikonawelt.de\/products\/ljubov-vo-topka","provider":"Ikona Welt","version":"1.0","type":"link"}