{"product_id":"luna-i-temninata","title":"Луна и темнината - Зорица Николовска","description":"\u003cp\u003eКнигата-сликовница „Луна и Темнината“ раскажана од Зорица Николовска и нацртана од Иван Најденовски, може да се чита и како мал мит и како голема сказна зашто му ја отвора вратата на детето-слушател, но и на детето-читател кон растењето преку личното спознавање и зашто му дава некои одговори за појави и емоции кои тоа не може да си ги објасни.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eИ тоа дете преку оваа приказна на Николовска засилена со илустрациите на Најденовски без напор може да се идентификува со Мартин. Низ самото поигрување на денот и ноќта, на светлото и темното, на будното и заспаното, на Луна и Темнината му овозможува на детето-слушател, но и на детето-читател да ги изгради и првите претстави за светот, за односите во природата и во вселената, за тоа во што верува, но и за тоа во што не верува, и, секако, за тоа што сака или од што стравува.\u003cbr\u003e\u003cbr\u003eЗатоа, ова е приказна може да започне и вака:\u003cbr\u003eНекогаш и некаде си живееше еден страв и го чекаше своето вистинско време, но и вистинско место за да се насели... да завладее во нечие детско срце?\u003cbr\u003eДали овој страв сосема случајно го одбира безгрижниот Мартин?\u003cbr\u003eДали овој страв го зграпчува овој безгрижен Мартина туку-така или намерно ја одбира куќата на неговата баба која се наоѓа сосема на крајот на градот (како куќата на бабата на Црвенкапа или куќичката на седумте џуџиња длабоко во шумата)?\u003cbr\u003eА овој страв онака ли ја одбира старата детска соба на неговиот татко која се наоѓа токму на горниот кат и каде на прозорецот тропаат гранките и лисјата на кајсијата од дворот?\u003cbr\u003eА зошто решава да се всели во безгрижниот Мартин токму во ноќта?\u003cbr\u003eВеќе и мене ми трчаат морници. Веќе и мене ми се намовнува кожата.\u003c\/p\u003e","brand":"Svetulka","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":53993780117837,"sku":"9786085024384","price":12.95,"currency_code":"EUR","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0814\/7566\/6253\/files\/Luna_i_temninata.png?v=1779944436","url":"https:\/\/ikonawelt.de\/sr\/products\/luna-i-temninata","provider":"Ikona Welt","version":"1.0","type":"link"}