Палестински старечник

Палестински старечник

„Не надевај се само на молитвите на другите, туку со чиста совест приложи и своја добродетел. Голема сила имаат молитвите на светиите, но само кога и ние самите се молиме чисто и срдечно.“

Дево, која ја роди непристапната Светлина,исполни нѐ со радост и веселие, со богопознание и со чисто срце, нас кои богомудро те величаме.

Историјата на Атон е секогаш летопис на посмртниот живот на Пречистата Дева на земјата. На секој чекор, во секој манастир, има Нејзина чудотворна икона и некое предание за Нејзиното видливо застапништво. Во Лаврата Таа посакува да биде економ; во Хилендар не дозволува да биде избран игумен туку Самата го зазема неговото место; во Иверскиот манастир смирено застанува како Пазителка, претпочитајќи ја малата црква крај манастирските порти, пред големиот соборен храм, и таму Божествената вратарка доведува мнозина до спасение преку портите чувани од Неа.

Back to blog