Бернајс Пропаганда: Важен дел од македонската рок сцена

Бернајс Пропаганда: Важен дел од македонската рок сцена

Бернајс Пропаганда е македонски рок бенд, формиран во 2006 година во Скопје. Од самиот почеток, групата се издвојува со својот уникатен стил кој комбинира игрива музика и социјално ангажирани текстови.

Првиот албум на бендот, Happiness Machines, објавен во 2009 година, е препознаен од регионални и светски медиуми, а нивните настапи се енергични и полни со критика кон општествените неправди. Со текот на годините, Бернајс Пропаганда се етаблира како предводник на македонската алтернативна сцена, настапувајќи на важни фестивали. Ова постигнување ја зацврстило нивната репутација на интернационалната сцена и дополнително ги отворило вратите за американската публика.

Во 2018 година групата била вовлечена во небулозна правна битка со неизвесна разрешница. Имено, надвор од сите стандарди и правила, Министерството за култура, во својата годишна објава за финансиски поддржани проекти, објавиле информација дека ќе биде поддржан и заеднички концерт на Бернајс Пропаганда и на Македонската Филхармонија, со одреден буџет и со точен датум. Реакцијата од страна на бендот, а и на јавноста била доста бурна и логична. Бил нарушен имиџот внимателно граден со години, кој се базира на чесност, праведност и на принципиелност. Разговори за една таква меѓусебна соработка постоеле една година претходно, но никогаш не добиле завршница во форма на потпишување каков било преддоговор, кој е единствен валиден документ за какво било аплицирање, па и за односниот конкурс. Очигледниот пропуст на комисијата во Министерството за култура, која по закон е должна да одбие чија било непотполна апликација, била одговорна за скандал од невидени размери, кој имплицирал и обид за нечии и за некакви финансиски малверзации, во кои неправедно бил инволвиран македонски рок-состав.

Со полно право бендот побарал правна заштита и одговорност од Министерството за култура, кое - за да биде иронијата поголема очигледно по урнек на некоја од тезите на таткото на агресивниот пи-ар, Едвард Бернајс се обидело комплетно да го спинува и да го релативизира целиот случај.

Назад на блог