Библиски приказни за деца
Библиски приказни за деца
Не може да се вчита достапноста на подигање
Книга што им ги доближува библиските пораки на децата преку теми и ситуации што им се блиски од секојдневниот живот.
Приказните се организирани во три тематски целини: „Ти“, „Ти и другите“ и „Ти и светот“. Наместо да го следат библискиот редослед, тие се поврзани со прашања за личноста, односите со другите и светот што нè опкружува.
Расказите се прераскажани во жив и пристапен стил, а на одделни места се дополнети со имиња и детали што не се наведени директно во библискиот текст, со цел настаните да станат поразбирливи и поблиски за детското искуство.
Преку животите и искуствата на библиските личности, децата можат полесно да размислуваат за сопствените чувства, стравови, односи и предизвици, и да ја откриваат библиската порака за Божјата љубов, грижа и присуство.
Книга наменета за заедничко читање во семејството, но и за деца кои самостојно сакаат да ги запознаат библиските приказни на едноставен и разбирлив начин.
Share
SKU:978998839467
Погледнете ги целосните детали

- Изборот на избор резултира со целосно освежување на страницата.
- Се отвора во нов прозорец.