Skip to product information
1 of 1

Ars Lamina

Е БАШ МЕ ЗАБОЛЕ - Марк Менсон

Е БАШ МЕ ЗАБОЛЕ - Марк Менсон

Regular price €9,99 EUR
Regular price Sale price €9,99 EUR
Sale Sold out
Tax included. Shipping calculated at checkout.

повез: Paperback

број на страни: 191

димензии: 14x21 cm

јазик: Македонски

испорука: DHL - EU

Контраинтуитивен прирачник за живеење на животот : суптилна уметност на живеењето или како да не ти е гајле за неважните нешта.

Менсон ни нуди освежувачка и едноставна вистина која денес на сите ни недостасува. „Е БАШ МЕ ЗАБОЛЕ е неговиот противотров за сите тие засладени учења за „биди позитивен – добро ќе се чувствуваш,“ кои го инфицираа модерното општество и ги расипаа генерациите.

Во оваа книга-водиcх за самопомош, што дефинира една cела генерација, авторот, кој е суперyвезда во блогерските кругови, не не замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме "позитивни", за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со деcении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: "Море кој ја "врти" позитивноста. Да бидеме искрени - нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се". На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина - нешто што денес навистина ни недостига.

Како да живеете добар живот, спротивно на она што ви го препорачуваат.

Со децении ни велат дека позитивното размислување е клучот за среќен, исполнет и богат живот. „Ме заболе за позитивното размислување,“ вели Марк Менсон, суперѕвезда на блогерската сцена. „Ајде да бидеме искрени, тоа е целосна бесмислица и тоа треба да биде јасно,“ објаснува авторот.

Човечките суштества се несовршени и ограничени. „Не можат сите да бидат извонредни, во општеството има победници и губитници, а тоа понекогаш не е фер и не е ваша вина.“ Менсон советува да ги прифатиме нашите ограничувања. Кога ќе ги прифатиме нашите стравови и несигурности и ќе престанеме да ги избегнуваме болните вистини, можеме да најдеме смисла во она што го правиме.

Иако постојат многу нешта за кои не ни е грижа, важно е да сфатиме што навистина ни значи. Додека парите се важни, грижата за тоа како го живееме животот е далеку поважна. „Ме заболе“ е разбудувачки шамар за генерацијата што ќе ѝ помогне да се приземји и да води исполнет живот.

E BAŠ ME ZABOLE Mark Menson

SKU:9786082677873

View full details