ГОЛЕМ ГОТВАЧ ЗА БЕБИЊА И МАЛИ ДЕЦА практични совети и рецепти за исхрана на децата од раѓање до рано детство- Дагмар Фон Крам
ГОЛЕМ ГОТВАЧ ЗА БЕБИЊА И МАЛИ ДЕЦА практични совети и рецепти за исхрана на децата од раѓање до рано детство- Дагмар Фон Крам
повез: Hardcover
број на страни: 192
димензии: 21x27 cm
јазик: Македонски
испорука: DHL - EU
Дали се грижите за исхраната на вашите деца? Барате едноставна и здрава кујна, особено во времиња кога градинките и јаслите се затворени, а вие секојдневно готвите за вашите најмили? За да знаете што е најдобро за вашите деца, оваа книга ви нуди важни информации и вкусни рецепти за деца. Книгата, создадена од експертката за исхрана Дагмар фон Крам, е одлично дополнување за секое домаќинство.
Ротраут Сузане Бернер е една од најпознатите и најценети илустраторки. Нејзините книги за Буќиште станаа класика. Дагмар фон Крам е угледна експертка за исхрана и една од најпознатите новинарки за исхрана во Германија.
Со цел да се намали стресот, книгата нуди едноставни рецепти и совети за купување, претходно готвење и загревање на јадења. Од вкусна „супа од сладок компир и бадеми“ до „лажиња од тиквички“, рецептите се погодни за сите прилики.
Што ќе најдете во „ГОЛЕМ ГОТВАЧ ЗА БЕБИЊА И МАЛИ ДЕЦА“:
Рецепти за секоја возраст: од првата година, преку рецепти за мали деца до третиот роденден, до идеи за прослави.
Практични совети: теоретски делови кои нудат вредни совети за исхрана, како и дел посветен на домашни лекови за болести.
Балансирана исхрана од самиот почеток: Совети како да воведете здрава исхрана за вашето дете уште од мали нозе, бидејќи храната е повеќе од само внес на калории – таа е основа за развојот на вашето дете.
Прашања кои ги одговара книгата:
Кога да започнете со првиот кашест оброк?
Како исхраната може да спречи алергии?
Што е „Baby Led Weaning“?
Како да го интегрирате вашето дете во семејните оброци?
Лесни и брзи рецепти:
Доколку сакате детето да го храните со вегетаријанска исхрана, книгата вклучува рецепти и совети како да ги обезбедите сите потребни хранливи материи.
Здрава исхрана од првиот ден ? ВКУСНИ РЕЦЕПТИ за едноставна подготовка, како за бебињата така и за заедничките семејни оброци на домашната трпеза.
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ОД ДАГМАР ФОН КРАМ за доење, за постепено воведување на цврста храна, како и пренесување на компактно знаење на тема организација на кујната и одржување на нејзината хигиена, справување со нетолеранции и алергии на храна, вегетаријанска исхрана итн.
ОЧЕКУВАЈТЕ да најдете избалансирана мешавина на разновидни рецепти во книгата за секоја фаза од животот на вашето дете и компетентни одговори на најважните прашања од неговиот развој.
Едноставно, здраво и ...ммм...многу вкусно! Повеќе од 50 вкусни, едноставни и проверени сезонски рецепти. Многубројни совети и информации за дегустација, готвење и печење. Додаток со основни објаснувања и совети за готвење. Рецепти во согласност со урамнотежена и освестена исхрана. За семејства, градинки и сите што сакаат да готват, печат, сечкаат и грицкаат!
SKU:9786082596549