И жена си - Елефтериос Елефтеријадис
И жена си - Елефтериос Елефтеријадис
Couldn't load pickup availability
Зошто оваа книга ѝ е толку потребна на секоја жена?
Затоа што таа е топла терапевтска прегратка на хартија, која ви дава дозвола да забавите, да здивнете и мирно да го испиете кафето, без притоа душата да ви биде на крајот од силите.
„Ако си жена, посакувам во овие страници да најдеш малку здив, малку утеха, малку сила.
Ако си маж, посакувам да застанеш и повнимателно да ја погледнеш жената покрај себе.
Зашто таа не е само мајка, сопруга, домаќинка или вработена.
Зашто и жена си. Не заборавај го тоа — дури и ако сите други заборават. “
„А што никогаш не сум видел? Одморена жена. Жена чија глава не е преоптоварена со илјада мисли и обврски...“
Со овие зборови познатиот грчки православен психолог Елефтериос Елефтеријадис отвора тема за која предолго се молчи — хроничниот умор и тивкото прегорување на современата жена.
Живееме во свет што од вас бара да бидете совршени во секоја улога: беспрекорна мајка, успешна на работа, посветена сопруга, столб на домот. А ако не успеете да го следите тој луд ритам? Се јавува тешкото чувство на вина дека не сте направиле доволно.
Книгата „И жена си“ е создадена од вистински терапевтски разговори и не носи нови барања и лекции. Напротив, таа е тука за да ви го симне тој немилосрден товар од рамената.
- Ве ослободува од притисокот дека сè мора да ви биде под конец и ве потсетува дека животот не е монтирана реклама.
- Ви помага да не се изгубите зад титулите „мајка“, „сопруга“ и „вработена“, туку повторно да го пронајдете своето име и својот простор.
- Ве потсетува дека грижата за себе е христијанска должност. Исцрпената жена не може да им дава љубов на другите ако нејзината сопствена чаша е сосема празна.
Книга што секоја жена треба да си ја подари себеси, а секој сопруг — на жената што ја сака.
И жена си.
Не го заборавај тоа.
Share
SKU:9786084993872
View full details

- Choosing a selection results in a full page refresh.
- Opens in a new window.