Историски пат на Православието - Александар Шмеман
Историски пат на Православието - Александар Шмеман
Couldn't load pickup availability
„Историски пат на Православието“ не е обична историја на Црквата, ниту суво редење на имиња, датуми и настани. Ова е книга што го следи духовниот пат на Православната Црква низ вековите - од Педесетница и раѓањето на првата христијанска заедница, преку прогоните, мачеништвото, Вселенските собори, Византија, словенската мисија, темните векови и руското православно искуство, сè до прашањето што останува живо во секоја епоха: како Црквата сведочи за Христос во историјата?
Протопрезвитер Александар Шмеман не ја гледа историјата како затворено минато, туку како место каде што се открива призванието на Црквата. Затоа оваа книга не зборува само за она што се случило, туку и за она што тие настани значат за животот на верата денес. Таа покажува дека Православието не е бегство од светот, ниту носталгија по изгубени векови, туку живо Предание - верност што минува низ човечки слабости, историски искушенија и духовни борби, но не престанува да го носи сведоштвото за Царството Божјо.
Христијаните насекаде себеси се доживувале како нов народ, собран од сите народи, но различен од сите. Уште во древното „Послание до Диогнет“ за нив се вели дека не живеат во посебни градови, немаат посебен јазик или начин на живот различен од другите, туку живеат секој во својата татковина - но како привремено; зашто секоја туѓина им е татковина, и секоја татковина - туѓина.
Токму во таа свест се открива тајната на црковната историја: Црквата живее во времето, во народите, во културите и државите, но не се исцрпува во нив. Таа го носи споменот на вечноста во срцето на историјата, за човекот во Христа и со Христа да ја најде вистинската смисла на животот.
Share
SKU:9786084993223
View full details

- Choosing a selection results in a full page refresh.
- Opens in a new window.