Skip to product information
1 of 2

Љубов во топка - Ана Јовковска

Љубов во топка - Ана Јовковска

Македонски ▪ 28 страни ▪ 21x1x21 cm ▪ тврд повез
испорака: DHL-EU
Regular price €12,95 EUR
Regular price Sale price €12,95 EUR
Sale Sold out
Tax included. Shipping calculated at checkout.

„Љубов во топка“ е интерактивна илустрирана книга за деца на авторката Ана Јовковска, која го обработува проблемот на врсничкото насилство (булинг) како еден од најгорчливите проблеми на денешното општество. Приказна за пријателството и емпатијата, што го анализира широкиот спектар на емоции кај децата.

Книга за кревкото детско срце, за гласот што треба да го пронајдеме, за храброста да кажеме како се чувствуваме и можноста секое дете да биде херој или хероина. Чувствата што доминираат во нарацијата и илустрацијата се тага, осаменост, нарушена самодоверба, но и верба, храброст, љубов и надеж. Покрај главната наративна нишка во книгата е опфатена и темата за различноста односно маргинализирањето на поинаквите деца. Иако приказната не бега од тагата како емоција, таа дава решение како да се канализираат емоциите и да се пронајде сопствениот глас. Завршува оптимистички, со надеж дека љубовта и добрината го носат новиот детски свет.

SKU:9786085024087

View full details