Мала возишка- книга за болката и надежта - Елефтериос Елефтеријадис
Мала возишка- книга за болката и надежта - Елефтериос Елефтеријадис
Couldn't load pickup availability
Ова е книга за болката.
За загубата. За тагата. За страдањето. За крстот што секој човек, порано или подоцна, го носи на својот грб.
Не ја напишав за да ти ја затемнам душата. Не ја напишав за да ти кажам дека болката лесно се објаснува, ниту дека страдањето секогаш може брзо да се разбере. Не.
Болката е тајна. Таа бара тишина, расудување, молитва и љубов. Бара некој да не зборува премногу, туку да остане покрај тебе. Да не те сожалува, да не ти дава лесни одговори, да не ти
вели „така требало“, туку тивко да ти каже: „Дојдов да плачам со тебе.“ Во овие страници зборуваме за човечката болка без големи зборови и без евтини утехи. Ќе зборуваме за луѓе што изгубиле, што страдале, што биле доведени до своите крајни граници - но и за оние тивки мигови во кои душата повторно наоѓа мал здив.
Ќе зборуваме и за патот низ кој минува тагата: од негирањето, кога душата сè уште не може да прифати што се случило; преку лутината и прашањата „зошто“, преку темнината, празнината и
депресијата — сè до прифаќањето. Но прифаќањето не значи дека болката исчезнала. Не значи дека си заборавил. Не значи дека повеќе не љубиш. Не значи дека раната никогаш повеќе нема да заболи. Прифаќањето значи дека душата, малку по малку, почнува да дише. Дека човек учи да живее со она што се случило, без да биде целосно проголтан од тоа.
Не секоја рана веднаш се затвора. Не секоја тага веднаш поминува. Не секој крст веднаш станува лесен. Но ниеден крст не е последниот збор.
Сакам, кога ќе ја затвориш оваа книга, да не останеш само со вкусот на болката, туку и со вкусот на надежта. Со тивкото чувство дека Христос не стои далеку од човекот што плаче.
Кога животот ќе те доведе до Крстот, не заборавај дека таму започнува и Воскресението.
Би сакал никогаш да немало причина оваа книга да биде напишана.
Но сите ние, порано или подоцна, се среќаваме со болката. Со загубата.
Со тагата што не знае да зборува. Со крстот што секој го носи на својот грб — нечиј потежок, нечиј полесен, но секогаш личен.
Не сакам да бидеш силен по секоја цена.
Сакам да знаеш дека смееш да паднеш, да плачеш, да се скршиш — но не и да очајуваш.
Зашто каде што има крст, таму постои и Воскресение.
А понекогаш, среде најтешкиот живот, токму тоа е сè што ни треба: една кратка воздишка, малку светлина и надеж дека Голгота не е крајот.
Share
SKU:9786084993889
View full details

- Choosing a selection results in a full page refresh.
- Opens in a new window.