НЕ СЛУШАТЕ КОГА ВИ ЗБОРУВААТ што пропуштате да слушнете и зошто е важно тоа - Кејт Марфи
НЕ СЛУШАТЕ КОГА ВИ ЗБОРУВААТ што пропуштате да слушнете и зошто е важно тоа - Кејт Марфи
повез: Paperback
број на страни: 254
димензии: 14x21 cm
јазик: Македонски
испорука: DHL - EU
И покрај тоа што живееме во свет каде што технологијата овозможува постојана дигитална комуникација и многу можности за поврзување, изгледа дека никој навистина не слуша, ниту знае како да слуша. Тоа нè прави поосамени, поизолирани и понетолерантни од било кога. Кога последен пат навистина сте слушале некого додека зборува? Кога последен пат некој вас навистина ве слушал?
На работа нè учат како да водиме конверзација. На социјалните мрежи формираме сопствени наративи. На забавите дискутираме едни со други. И нашите политичари, исто така. Не ги слушаме другите кога зборуваат. И никој не нè слуша нас. Да, живееме во свет во кој технологијата ни овозможува непрекината дигитална комуникација и можности за поврзување, но се чини како всушност никој да не слуша никого, дури не ни знае како се прави тоа.
Како професионален слушател, соработник на New York Times, Кејт Марфи сакаше да разбере како стигнавме до тука.
Во ова секогаш просветлувачко и често хумористично истражување, Марфи објаснува зошто не слушаме, како тоа влијае на нас и како можеме да го промениме тој тренд. Таа ја прави психологијата, невронауката и социологијата на слушањето пристапни и интересни, додека ни претставува некои од најдобрите слушатели (вклучувајќи агент на ЦИА, модератор на фокус-група, бармен, радио-продуцент и врвен продавач на мебел).
NE SLUŠATE KOGA VI ZBORUVAAT Kejt Marfi
SKU:9786082673790