Skip to product information
1 of 11

Ikona

ОВДЕ НЕМА ДА ИМА ЧУДА - Горан Ферчец

ОВДЕ НЕМА ДА ИМА ЧУДА - Горан Ферчец

Regular price €9,99 EUR
Regular price Sale price €9,99 EUR
Sale Sold out
Tax included. Shipping calculated at checkout.

повез: Paperback

број на страни: 258

димензии: 14x21 cm

јазик: Македонски

испорука: DHL - EU

Пустошот, празнината, враќањето во непостоечкото, распадот и заминувањето од историјата, се само некои од големите теми коишто во својот прв роман “Овде нема да има чуда” ги опфаќа еден од најталентираните современи хрватски автори. Главниот јунак Бендер, е млад интелектуалец соочен со криза на идентитетот, во неименувана метропола на Запад, во којашто отседнал за време на војните на нашите простори. Тој е ескапист којшто бега не само од минатото туку и од секојдневието, преполн со сомнежи кон самиот себе. Во таквата, потполно нарушена позиција, еден ненадеен повик од татко му ќе го натера да се врати во својата татковина, во селото од каде што потекнал, во коешто по воените пустошења веќе никој не живее. Тоа враќање од урбаната антиутописка стварност во руралната пустелија, се случува не само на реалното, физичко ниво на патувањето, туку и, уште поизразено, во свеста на главниот јунак. Неговиот судир со самиот себе, со своите демони и со татко си, а и невозможноста да исчекори од судбината, го водат до сеопфатна негација на реалноста.

“Овде нема да има чуда” е еден од оние романи коишто поставуваат вистински прашања, но притоа не даваат одговори, затоа што ги нема.

Главниот јунак во ова дело на Ферчец е амблематски интелектуалец на сегашноста, тој може само да трага и во тоа трагање сосема да исчезне, затоа што последиците од војните, транзициите и современоста се толкави што на поединецот не му оставаат никаква перспектива освен целосна ништожност, којашто може да биде, но и не мора, почетна точка за создавање на новото.

SKU:9786082210728

View full details