Skip to product information
1 of 3

ПАКЕТ КНИГИ - Светите отци за депресијата

ПАКЕТ КНИГИ - Светите отци за депресијата

Regular price €20,99 EUR
Regular price €24,99 EUR Sale price €20,99 EUR
Sale Sold out
Tax included. Shipping calculated at checkout.

повез: Paperback

број на страни: 477

димензии: Сет 2 книги

јазик: Македонски

испорука: DHL-EU

ШИЗОФРЕНИЈА ИЛИ АСКЕТИЗАМ
Наведувајќи го учењето на Јунг за персони - маски со кои сите се служиме во секојдневното општење едни со други, Јован Корнаракис, слично на Јунг, не бара од нас целосно тргање на маската, зашто како психолог знае дека тоа е невозможно, туку бара поголема свесност за нејзината непрестајна присутност во нас. За почеток на индивидуализацијата, но и обожувањето, прв услов е: да се видиме себеси и другите такви какви што сме.
Опасноста која се однесува на другите луѓе почива врз фактот дека оној „кој со умот себеси се лаже“, во своите меѓулични односи проектира облик што го доживува во себе. Така, тој станува параноичен, погрешно го разбира и толкува однесувањето на другите луѓе зашто го набљудува низ очилата на својата маска. Според тоа, она што може да го излечи квалитетот на таа шизофренија е свеста за таа маска.

ПРАВОСЛАВНА ПСИХОЛОГИЈА
Душевна слобода, душевна светлост и темнина, радост, тага, депресија - се само дел од поимите за кои се зборува во оваа навистина неверојатна книга. Секоја болест има духовни корени, но понекогаш е тешко да се препознаат. Неврозата е специфична болест меѓу другите психијатриски и соматски заболувања затоа што служи како своевиден морален барометар. Нејзината поврзаност со сферата на духовноста е очигледна.
Со идолизирање на животот, човек престанува да ја разбира неговата смисла и запаѓа во состојба на депресивна збунетост. Тагата се раѓа од малодушност, мрзеливост и празнословие. Радоста не е грев. Таа ја елиминира секоја грижа што доаѓа од тагата, од која нема ништо добро.
Проф. д-р Дмитриј А. Авдеев е лекар-психијатар, психотерапевт, медицински психолог, доктор по медицински науки. Завршил последипломски студии на Богословскиот факултет на Универзитетот „Лукијан Благо“ (Романија). Од 1991 година активно работи на моделот на православната психотерапија. Во текот на своите дваесет години работа им укажал помош на илјадници луѓе.

SKU:

View full details