Skip to product information
1 of 10

Ikona

ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА И СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ - о. Георгиј Капсанис

ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА И СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ - о. Георгиј Капсанис

Regular price €12,99 EUR
Regular price Sale price €12,99 EUR
Sale Sold out
Tax included. Shipping calculated at checkout.

повез: Paperback

број на страни: 192

димензии: 14x21 cm

јазик: Македонски

испорука: DHL - EU

Така целата состојба на човекот претставува еден предизвик за Црквата, еден трагичен повик сличен со повикот на Македонецот: “премини во Македонија и помогни ни” (Дела 16,9).

Содејството, т.е. Богочовечкото содејство (синергија) за нашето спасение, не е замисливо од страната на човекот без аскезата.
Бог ги спасува оние коишто сакаат да се спасат. Сакам да се спасам значи се борам да се спасам.

Една сериозна причина за оваа криза е тоа што христијаните кои стапуваат во брачната заедница не го живеат бракот како Тајна.

ЦРКВАТА КАКО БОГОЧОВЕЧКА ЗЕДНИЦА

1. Општествениот карактер на Црквата

Нашата Православна теологија ја гледа тајната на Црквата главно како тајна на Богочовечка заедница во Христа. Познатите новозаветни претстави за Црквата како Тело Христово, лозје, брак, го откриваат општествениот карактер на Црквата.

Црквата пред се е “заедница на Свети” што извира од заедницата на трите Личности на Пресвета Троица. Животот и единството на трите Божествени личности се принесува во светот преку Црквата, та сите луѓе да можат да учествуваат во нив.

􏰉рквата како Богочовечка заедница го спасува човекот, затоа што во нејзиниот простор преку Христа ја наоѓа изгубената од прародителскиот грев можност за соединување со Него и со Неговите чеда во едно единство коешто не му ја одзема личноста, ниту го собира на еден глобалистички и колекти- вистички начин, затоа што тоа единство е според образот на единството на Света Троица (Еден Бог во три различни личности).

SKU:9789989168567

View full details