Skip to product information
1 of 1

Ars Lamina

РЕВОЛУЦИЈА ВО РАБОТАТА НА ДАЛЕЧИНА да се успее од секаде - Сидал Нили

РЕВОЛУЦИЈА ВО РАБОТАТА НА ДАЛЕЧИНА да се успее од секаде - Сидал Нили

Regular price €9,99 EUR
Regular price Sale price €9,99 EUR
Sale Sold out
Tax included. Shipping calculated at checkout.

повез: Paperback

број на страни: 321

димензии: 14x21 cm

јазик: Македонски

испорука: DHL - EU

„Често зборувам за важноста на довербата кога станува збор за работата: довербата на вашите вработени и градењето доверба со вашите клиенти. Оваа книга нуди план за тоа како да ја изградите и да ја одржувате таа доверба и поврзаност во дигитално опкружување“ – Ерик С. Јуан, основач и извршен директор на „Зум“.

Професорката на Школата за бизнис на Харвард и водечки експерт во виртуелна и глобална работа на работниците на далечина и на лидерите им обезбедува најдобри практики неопходни за највисоко ниво на перформанси во нивните организации.

Рапидните и невидени промени што ги донесе пандемијата со Ковид-19 ја забрзаа транзицијата кон работата на далечина, барајќи комплетна миграција на речиси цели компании на виртуелна работа само за неколку недели, оставајќи ги менаџерите и вработените да се обидуваат да се приспособат. Оваа масовна транзиција ги принуди компаниите брзо да го унапредат нивниот дигитален отпечаток, користејќи облак, складирање, кибербезбедност и алатки за уреди приспособени за новата сила на работата на далечина.

Искусувајќи ги придобивките од работењето на далечина – вклучувајќи го непотребното време за патување до работа, пониските оперативни трошоци и поголемиот избор на глобални апликанти за работа – многу компании, како „Твитер“ и „Гугл“, планираат трајно да ги инкорпорираат деновите за работа од далечина или да им дадат шанса на вработени за работа од дома цело работно време. Но, виртуелната работа има свои предизвици. Вработените се чувствуваат изгубено, изолирано, несинхронизирано, надвор од видното поле. Сакаат да знаат како да изградат доверба, да одржуваат комуникација без лични интеракции и правилен баланс меѓу работата и животот. Менаџерите сакаат да знаат како да водат виртуелно, како да ги мотивираат нивните тимови, какви дигитални алатки им се потребно и како да ја одржат продуктивноста на вработените.

Обезбедувајќи убедливи одговори базирани на докази за овие и други итни прашања, „Револуција во работата на далечина“ е есенцијална за навигацијата низ предизвиците со кои се соочуваат тимовите и менаџерите. Исполнета со специфични акциски чекори и интерактивни алатки, оваа навремена книга ќе им помогне на членовите на тимови да испорачаат резултати што претходно биле недостапни. Следејќи ги советите на Нили, вработените ќе можат да ги пробијат рутинските норми за успешно да ја користат работата на далечина и да имаат придобивка за себе, за нивните тимови и за нивните организации.

REVOLUCIJA VO RABOTATA NA DALEČINA - DA SE USPEE OD SEKADE Sidal Nili

SKU:9786082676371

View full details