САМО ОВА ЛЕТО - Аби Хименез
САМО ОВА ЛЕТО - Аби Хименез
повез: Paperback
број на страни: 367
димензии: 14x21 cm
јазик: Македонски
испорука: DHL - EU
Couldn't load pickup availability
Џастин го следи проклетство и благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа. Кога една жена ќе му прати порака, а го има истиот проблем, тие смислуваат план: ќе бидат во врска и ќе раскинат.
На тој начин заемно ќе се ослободат од проклетството и секој од нив ќе ја пронајде љубовта на својот живот. Идејата е луда... но можеби ќе успее. Ема не планира дека нејзиното следно задолжение како патувачка медицинска сестра ќе биде во Минесота, но таа и нејзината најдобра пријателка се согласуваат дека запознавањето со Џастин е повеќе од добра прилика, особено што имаат можност да изнајмат преслатка колиба на приватен остров на езерото Минетонка.
Се очекува да биде кратко пријателство, само за летото. Но, кога се појавува токсичната мајка на Ема, а Џастин мора да преземе грижа за своите малолетни брат и сестри, одеднаш се справуваат со многу повеќе од очекуваното вклучувајќи ги и вистинските чувства еден за друг. Што ако овој пат судбината навистина ги спојува сродните души?
SKU:9786082679273