СОВЕТНИК ЗА РОДИТЕЛИ - Љубов, грижа и исхрана за деца
СОВЕТНИК ЗА РОДИТЕЛИ - Љубов, грижа и исхрана за деца
Сподели и препорачај
Couldn't load pickup availability
Овој пакет од три книги е создаден за родители кои сакаат да ја подобрат секоја димензија од своето семејство. Првата книга ве води низ принципите на создавање семејство како мала црква, нагласувајќи ги љубовта, грижата и духовната посветеност. Втората книга е незаменлив водич за родители, нудејќи практични совети и решенија за секојдневните предизвици во воспитувањето на децата. Третата книга додава уште една важна компонента – урамнотежената и здрава исхрана, со повеќе од 50 рецепти кои ги задоволуваат нутритивните потреби на децата и нудат лесна подготовка. Овој пакет е идеален за секој родител кој сака да изгради среќен, здрав и хармоничен дом.
ПРИРАЧНИК ЗА РОДИТЕЛСТВО - ГРИЖА ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА - Др. Бениамин Спок
Книгата ги покрива различни аспекти кои се однесуваат на здравјето на жената во периодот на бременоста и подигањето на детето во првата година од животот, вклучувајќи ги: здравјето, исхраната, сонот, социјализацијата и многу други. Ова ја прави книгата комплетен водич за родителите во првата година по раѓањето на детето.
БРАК И СЕМЕЈСТВО Домашна црква - Протојереј Глеб Каледа
Во време на неизвесности и духовни предизвици, оваа книга претставува водич за создавање семејства како мали цркви – простори каде љубовта, верата и жртвата го градат секојдневието. Со длабока мудрост и практични совети, авторот зборува за важноста на надминување на егоизмот и учење да се гледа светот низ очите на другиот. Грижата ја опишува како израз на љубов што расте преку внимание и посветеност, а домот го претставува како место на хармонија, молитва и духовен раст.
ГОЛЕМ ГОТВАЧ ЗА БЕБИЊА И МАЛИ ДЕЦА практични совети и рецепти за исхрана на децата од раѓање до рано детство- Дагмар Фон Крам
Што ќе најдете во „ГОЛЕМ ГОТВАЧ ЗА БЕБИЊА И МАЛИ ДЕЦА“:
Рецепти за секоја возраст: од првата година, преку рецепти за мали деца до третиот роденден, до идеи за прослави.
Практични совети: теоретски делови кои нудат вредни совети за исхрана, како и дел посветен на домашни лекови за болести.
Балансирана исхрана од самиот почеток: Совети како да воведете здрава исхрана за вашето дете уште од мали нозе, бидејќи храната е повеќе од само внес на калории – таа е основа за развојот на вашето дете.
Прашања кои ги одговара книгата:
Кога да започнете со првиот кашест оброк?
Како исхраната може да спречи алергии?
Што е „Baby Led Weaning“?
Како да го интегрирате вашето дете во семејните оброци?
SKU:PAK-MK-028
View full details

- Choosing a selection results in a full page refresh.
- Opens in a new window.