Пофалба на лудоста - Еразмо Ротердамски
Пофалба на лудоста - Еразмо Ротердамски
Share
Није могуће учитати доступност преузимања
Лудоста ти се обраќа...
Значи и ти, како и многумина пред тебе, гориш од желба да дознаеш која сум јас… еве, дозволи ми самата да ти се претставам. Многу за мене кажа Еразмо Ротердамски во оваа негова т.н. книга – но јас сум повеќе од зборовите што ги напишал. Веќе зборуваш со мене – Лудоста.
Јас сум онаа што ти се потсмева кога мислиш дека си разумен, и онаа што те тера да посегнеш по оваа книга, додека се преправаш дека не ти е потребна. Јас сум немирот што не ти дава да останеш каде што си, и шепотот што ти вели дека зад секој човек има нешто што треба да се открие.
Кажи ми: кој без мене би се осмелил да погледне под површината? Кој би сакал да знае повеќе – за другите, и за себе – кога не би го водела таа слатка, опасна љубопитност? Разумот те уверува дека знаеш доволно. Јас те уверувам дека ништо не знаеш – и токму затоа продолжуваш.
Ако сакаш сигурност, затвори ја книгата. Но ако во тебе има барем трошка од мене – тогаш веќе си на моја страна. Земи ја. Не затоа што мораш, туку затоа што веќе не можеш да не ја земеш.
И кога ќе ја купиш – не се лажи дека си ја избрал ти. Јас веќе те избрав тебе.
„Судот за мене им припаѓа на другите, но ако суетата не ме лаже, оваа наша пофалба не е сосема луда, иако зборува за Лудоста.
За да се одбранам од обвинувањата за злонамерност, ќе кажам само едно: на духовитоста отсекогаш ѝ се дозволувала слобода – без казна и на остроумен начин – да се потсмева со секојдневниот живот, сè додека таа слобода не премине во разузданост.
Ме изненадува раздразливоста на нашите современици, кои сакаат да слушаат само ласкави титули. Има луѓе толку „побожни“ што побрзо би поднеле навреди против Христос, отколку и најмала шега на сметка на папата или владетелот – особено ако од тоа им зависи лебот. Тоа е неправедно. Дали е злобен оној што ги прекорува човечките маани без да посочи никого по име, или тој, напротив, поучува? Па јас се прекорувам и себеси!
Оној што не поштедува ниту еден вид луѓе, не е лут на поединец, туку на сите пороци. Ако некој се почувствува навреден, со тоа самиот докажува дека има нечиста совест или дека се плаши. Ние пишувавме со умерен тон, за секој разумен читател да види дека целта ни била забава, а не повреда. Не ја разбуривме калта на беззаконијата, туку се обидовме да го наброиме она што е смешно, а не она што е валкано.
Ако сепак има некој што не е задоволен, нека го знае ова: чест е да се биде прекорен од самата Лудост.“
Еразмо од Ротердам го поздравува својот пријател Томас Мор
Од село, 9 јуни 1508 година.
👉 Купи, прочитај, сподели – знаењето расте кога го споделуваме!
СКУ:9786084993940
Погледајте све детаље

- Одабир селекције доводи до потпуног освежавања странице.
- Отвара се у новом прозору.