Прескокнете до информациите за производот
1 на 11

Јас сум жива – Андријана Мациев

Јас сум жива – Андријана Мациев

Македонски ▪ 319 страни ▪ 14x4x21 cm ▪ мек повез
испорака: DHL-EU
Редовна цена €12,99 EUR
Редовна цена Продажна цена €12,99 EUR
Продажба Продадено
Вклучен данок. Испораката се пресметува при наплата.

Aвтобиографија на познатитот ликовен уметник Андријана Мациев.

„Јас сум жива“ е искрена исповед напишана со болка, но и со надеж. Андријана, соочена со дијагноза на канцер, пред читателот ја отвора својата душа и сведочи за силата на верата и љубовта, во овој свој дневник.
Иако посакала книгата да заврши со исцеление, земното сфаќање на среќата ѝ било заменето со нешто подлабоко – радоста во Божјата закрила.
Со едноставен, но силен јазик, таа го пренесува патот низ човечкото страдање, благодарноста за секој миг и спокојот што доаѓа од довербата во Господа.

Во нејзините редови се огледа и нежната, и борбената страна – пријателката, сопатничката, мајката и војникот во секојдневието.
Иако телото ѝ се борело со неподносливи болки, таа неуморно ја завршувала секоја страница со зборовите: „Ти благодарам, Господе, и за овој ден.“
Книгата го продолжува гласот на Андријана преку нејзината мајка Јулија – сведоштво за тоа како да се издржи болката, како да се најде светлина во темнината и како да се продолжи да се живее тогаш кога мислиме дека животот застанал.

SKU:9786084993773

Погледнете ги целосните детали