Кој владее со светот – Ноам Чомски
Кој владее со светот – Ноам Чомски
Share
Не може да се вчита достапноста на подигање
Во остра и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски тврди дека Соединетите Американски Држави со својата политика ризикуваат да предизвикаат катастрофа и уништување на глобалните ресурси.
Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество. Книгата „Кој владее со светот?“ е есток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.
Осврнувајќи се на голем број примери – од сè поинтензивната кампања на убиства со дронови и создавање опасност од нуклеарна војна, до жаришта во Ирак, Иран, Авганистан и израелско-палестинскиот однос – авторот нуди неочекувани и нијансирани согледувања за влијанието на империјалната моќ врз нашата сè похаотична планета. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покаува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет.
SKU:9786082671383
Погледнете ги целосните детали

- Изборот на избор резултира со целосно освежување на страницата.
- Се отвора во нов прозорец.