Прескокнете до информациите за производот
1 на 2

Луна и темнината - Зорица Николовска

Луна и темнината - Зорица Николовска

Македонски ▪ 24 страни ▪ 21x1x21 cm ▪ тврд повез
испорака: DHL-EU
Редовна цена €12,95 EUR
Редовна цена Продажна цена €12,95 EUR
Продажба Продадено
Вклучен данок. Испораката се пресметува при наплата.

Книгата-сликовница „Луна и Темнината“ раскажана од Зорица Николовска и нацртана од Иван Најденовски, може да се чита и како мал мит и како голема сказна зашто му ја отвора вратата на детето-слушател, но и на детето-читател кон растењето преку личното спознавање и зашто му дава некои одговори за појави и емоции кои тоа не може да си ги објасни.

И тоа дете преку оваа приказна на Николовска засилена со илустрациите на Најденовски без напор може да се идентификува со Мартин. Низ самото поигрување на денот и ноќта, на светлото и темното, на будното и заспаното, на Луна и Темнината му овозможува на детето-слушател, но и на детето-читател да ги изгради и првите претстави за светот, за односите во природата и во вселената, за тоа во што верува, но и за тоа во што не верува, и, секако, за тоа што сака или од што стравува.

Затоа, ова е приказна може да започне и вака:
Некогаш и некаде си живееше еден страв и го чекаше своето вистинско време, но и вистинско место за да се насели... да завладее во нечие детско срце?
Дали овој страв сосема случајно го одбира безгрижниот Мартин?
Дали овој страв го зграпчува овој безгрижен Мартина туку-така или намерно ја одбира куќата на неговата баба која се наоѓа сосема на крајот на градот (како куќата на бабата на Црвенкапа или куќичката на седумте џуџиња длабоко во шумата)?
А овој страв онака ли ја одбира старата детска соба на неговиот татко која се наоѓа токму на горниот кат и каде на прозорецот тропаат гранките и лисјата на кајсијата од дворот?
А зошто решава да се всели во безгрижниот Мартин токму во ноќта?
Веќе и мене ми трчаат морници. Веќе и мене ми се намовнува кожата.

SKU:9786085024384

Погледнете ги целосните детали